Во Сан Франциско се одржа конференција, посветена на свети Јован Шангајски

На 21 април 2024 година, во катедралниот храм „Радост на оскрбените“ во Сан Франциско (САД) се одржа великопосна конференција, посветена на 30-годишнината од канонизацијата на св. Јован Шангајски од страна на Руската православна задгранична црква. Пред почетокот на конференцијата, сите учесници беа присутни на Литургијата. На малиот вход од Литургијата, Архиепископот Санфранциски и Западноамерикански Кирил го удостои ѓаконот Симеон Нун (клирик од градот Монтереј) со право на носење двоен орар.

Во првата половина од денот се одржаа кратки обраќања, со следниве теми: „Почетните години на свети Јован“ (од Е.В. Перекрестов), „Учењето на свети Јован за молитвата“ (од свештеник Георгиј Капланов), „Свети Јован и заборавените западни светители“ (од чтец Василиј Томпсон), „Учењето на свети Јован за божествената Литургија“ (од протојереј Петар Перекрестов).

Во втората половина од денот, се одржаа обраќања на следниве теми: „Владиката, кого јас го познавав“ (од чтец Владимир Красовски) и „Несветите свети во мојот живот“ (од протојереј Стефан Павленко).

Конференцијата заврши со приказ на документарен филм за свети Јован.

Извор: https://www.synod.com/synod/2024/20240423_sf.html