Првиот бугарски игран филм со православна тематика ќе биде прикажан во кината оваа есен

Првиот бугарски долгометражен игран филм на православна тема од есен ќе почне да се прикажува во кината во Бугарија. Работен е според книгата на Мартин Ралчевски „Не ги затварај очите“, а авторот е и сценарист на филмот. До официјалното прикажување на филмот, режисерот не сака неговото име да излезе во јавноста, иако за него веќе се зборува на социјалните мрежи. Делото доби благослов од Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква

Во продукцијата, со траење од 120 минути, се вклучени некои од најпознатите имиња на бугарската кинематографија: Александар К’нев, Павел Попандов, Крсто Лафазанов, Ирена Миљанкова, Николај Урумов, Марија Каварџикова, Христо Грбов, Јани Малинов, Антон Трендафилов, Влади Карамфилов (Вргала), Ирен Кривошиева и др. Филмот излегува од филмската куќа „Синархија“, а продуцент е Богдан Дарев.

Авторот на сценариото Мартин Ралчевски, кој е автор на неколку книги со православна содржина, вели дека ваквата продукција е негов стара мечта. Тој смета дека неговите книги, а сега и филмот, ќе им помогнат на повеќе луѓе да се присоединат кон Православната црква и нејзините духовни посланија.

Извор: https://dveri.bg/component/com_content/Itemid,100723/catid,14/id,73257/view,article/