Одликување за бугарскиот филм за Св. Ефрем од Неа Макри

Бугарскиот филм посветен на чудата на Св. Ефрем од Неа Макри, вклучително и помошта на луѓе да се изборат со зависноста од наркотици, беше одликуван на официјална церемонија во Благоевград, Бугарија.

Филмот „Светецот светкавица“ говори за ангелскиот живот, жестокото мачеништво и трогателните чуда на Св. Ефрем новомаченик, според сведоштвата на јерарсите и верните од Грција и Романија, известува tribune.bg.

Св. Ефрем е еден од најсаканите светци во Грција, откако неговите мошти беа откриени во 1950 година, 524 години по неговото мачеништво.

Освен сведоштвата за победувањето на зависноста од наркотици, филмот ги раскажува сведоштвата на луѓето кои биле исцелени од канцер, враќањето во живот на мртво бебе во мајчината утроба, и на исцелувањето на душевно болна жена од Бугарија, која се обидела да изврши самоубиство.

На официјалната церемонија на конкурсот „Срце и слово против наркотиците“ која се одржа во Благоевград, градоначалникот на Благоевград г. Методиј Бајкушев и амбасадарот на Ирска во Бугарија г. Мартина Фијни, му ја врачија наградата на новинарот Ангел Бончев за неговиот филм „Светецот светкавица“.

Овој документарен филм, од неговото објавување пред три години, во Бугарија стана најпопуларниот филм за некој светец.

Извор: https://tribune.bg/bg/obshtestvo/nagradiha-pravoslavniya-film-s/ преку https://orthochristian.com/157701.html