-

Групно крштевање во Карпато-руската црква во Северна Каролина, САД
Во една парохија на Американската Карпато-руска епархија во неделата на 4 октомври 2026 година повеќе од десет лица примија свето крштевање и се соединија со Христа. „Денес радосно примивме 13 катихумени во Православната црква преку светото Крштение и Миропомазание. Нека Бог им дарува многу години на нашите новопросветлени браќа и сестри!“, објави црквата „Свети Антониј Велики“ во Хендерсонвил, Северна Каролина. Светите Тајни Крштение и Миропомазание ги изврши парохискиот свештеник, отец Фотиј Паркс. Црквата „Свети Антониј Велики“ ѝ служи на заедницата во Хендерсонвил од 2019 година. Таа е основана со благослов на митрополитот Ниски Григориј, поглавар на Карпато-руската епархија при Цариградската…
-

Толкување на Евангелието според Матеј, 20 дел
Дваесетти дел од предавањата по веронаука на тема: „Толкувања на Евангелието според Матеј од светите отци на Православната Црква“. Овие предавања се одвиваа со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во храмот „Св. Тројца Јерарси“ во Скопје, во текот на 2024 и 2025 година, а ги држеше архимандритот Иринеј (Стефановски). Во дваесеттиот дел се опфатени светоотечките толкувања на стиховите 22 до 50 од дванаесеттата глава од Евангелието по Матеј.
-

Честитка од Митрополитот Методиј по повод годишнината на Архиепископот Стефан
Ваше Блаженство, Високодостојни Архипастиру на нашата Света Црква, Со срце исполнето со соборна радост, црковно треперење и длабока почит, Ви ја упатувам оваа архипастирска честитка по повод четиридеценискиот јубилеј – 40 години од Вашата архиерејска хиротонија и Вашето неуморно служење на Тронот на Свети Климент Охридски. Четири децении во архиерејскиот чин не се само хронолошка мера на времето, туку длабока еклисиолошка тајна. Во православната патрологија и литургиско предание, епископот е икона на Христа – Оној Кој не дојде да Му служат, туку да служи. Вашата четириесетгодишна архипастирска патека е токму тоа: непрекината Евхаристиска жртва, носење на крстот на родниот народ…
-

Најава за две дискусии на Форумот „Philosophia Christiana“
Форумот за интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“, во организација на Фондацијата „Свети Фотиј Велики“ од Скопје, на 7 и 8 октомври организира два јавни настани посветени на значајни прашања од областа на философијата, теологијата и европската култура. Форумот дејствува како дијалошка платформа која отвора простор за дискусија на различни философски, теолошки, социјални, етички и културолошки теми. На 7 октомври (среда), со почеток во 19:00 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговорот „Театарот и философијата во европската култура“. Гости на настанот се проф. д-р Георги Каприев (Софија) и проф. д-р Иван Додовски (Скопје). Разговорот ќе биде посветен…
-

Бугарија ги пречека посмртните останки на цар Самуил
Илјадници Бугари во Софија ги пречекаа посмртните останки на цар Самуил. Во центарот на Бугарската престолнина се одржа специјална државна церемонија по тој повод, насловена „Бугарија го пречекува цар Самуил“, беше интонирана бугарската химна и беа испукани 21 артилериски плотун. Претходно во текот на денот, државна делегација предводена од премиерот Румен Радев го посети Солун за церемонијата на предавањето на останките. На церемонијата таму учествуваа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и министерката за култура Лина Мендони. Свечената церемонија продолжи со поворка до храмот „Света Софија“, каде што беше отслужена панихида. Богослужбата ја предводеше Неговата Светост Бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Даниил,…
-

Архијереи од повеќе православни јурисдикции сослужуваа на света Литургија во Питсбург
Во неделата, на 4 октомври 2026 година, заедницата на грчката православна катедрала „Св. Никола“ во Питсбург ги пречека архијереите од Собранието на канонските православни епископи на Соединетите Американски Држави, кои учествуваа во архијерејско сослужување на светата Литургија. На богослужбата, на која присуствуваа повеќе од 300 верници од поширокото подрачје на Питсбург, началствуваше Неговото Високопреосвештенство архиепископот Американски Елпидофор од Цариградската патријаршија, претседател на Собранието на канонските православни епископи на САД. Со него сослужуваа: Неговото Преосвештенство епископ Иринеј Вашингтонско-Њујоршки и Источноамерикански од Српската Православна Црква, Неговото Преосвештенство епископ Сава Северноамерикански од Грузиската апостолска Православна Црква во Северна Америка, Неговото Високопреосвештенство архиепископ Михаил…
-

Ерусалимската Патријаршија го одби предлогот да го празнува Божик по новиот календар
На 1 октомври / 25 септември 2026 година, Неговото Блаженство, Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, го прими свештеникот и црковните настојатели на заедницата Амбелин, која е во јурисдикција на Птолемаидско-Акрската митрополија на Ерусалимската патријаршија, по прашања поврзани со нивната заедница, а особено за прашањето за кое побарале од Неговото Блаженство заедничко празнување на Божик. Неговото Блаженство им одговори дека Патријаршијата веќе има донесено Синодска одлука по ова прашање, според која 25 декември, денот на празнувањето на Божик според грегоријанскиот календар, одговара на 12 декември според јулијанскиот календар, кога се празнува споменот на свети Спиридон. На тој ден Патријаршијата социјално го одбележува…
-

Чесната глава на свети Климент Охридски во Бугарија
На 4 октомври 2206 година, со свечен пречек на чесната глава на Свети Климент Охридски започна одбележувањето на шест црковни годишнини во Стара Загора, Бугарија: 155 години од основањето на епархијата, 130 години од изборот на првиот старозагорски митрополит Методиј и 100 години од раѓањето на блаженоупокоениот старозагорски митрополит Панкратиј, како и 50 години од раѓањето, 30 години од монашкото потстрижување и 10 години од устоличувањето на Неговото Високопреосвештенство старозагорскиот митрополит д-р Кипријан. Светите мошти беа донесени од грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“ покрај Бер (Верија) пред зградата на Обласната управа, од каде што тргна и литија до соборниот храм…
-

Водосвет во грчкиот парламент за почетокот на новата парламентарна година
Со молитвени желби за здравје, сила, еднодушност и, пред сè, трпение, но и со посебно нагласување на потребата од меѓусебно разбирање и договор за надминување на проблемите, Архиепископот Атински и на цела Грција, г. Јероним, им се обрати на политичките водачи за време на традиционалната молитвена служба на Водосвет по повод почетокот на работата на Четвртото заседание на Дваесеттиот парламентарен период. Архиепископот го истакна значењето на заедничкиот напор и соработката, посакувајќи им сила во работата на сите што имаат зголемени одговорности, од претседателот до пратениците. Претседателот на Парламентот на Грција, г. Никитас Какламанис, заедно со првиот потпретседател, г. Јоанис Плакиотакис,…
-

Сочувство од Ерусалимската Патријаршија за загинатите христијани во израелски напад
Православната Ерусалимска Патријаршија тагува поради смртта на маченичките Маиса Дауд и нејзината ќерка Мери, кои ги загубија животите во воздушен напад врз нивниот дом во Газа, рано утрото на 3 октомври годинава. Патријаршијата изразува искрено сочувство до нивното семејство и блиските. Патријаршијата наведува: „Со болка и со надеж во Воскресението, се молиме за упокоение на душите на Маиса и Мери. Нека Господ им дарува на нивните души покој на местото ‘каде што нема болка, ни тага, ни воздишка’, а на нивното семејство нека му дарува трпение и утеха“. Патријаршијата додава: „Секој човек е создаден според Божјиот образ. Секој човечки живот…
