Најнови објави

  • Четирикратно зголемен бројот на евтаназирани во државата Викторија, Австралија

    Четирикратно зголемен бројот на евтаназирани во државата Викторија, Австралија

    Британската организација „Право на живот – Обединето Кралство“ го осуди наглото зголемување на бројот на смртни случаи предизвикани со медицински потпомогнато умирање во австралиската сојузна држава Викторија, повикувајќи истовремено на долгорочни напори за подобрување на палијативната нега во Велика Британија. Организацијата, која се залага за заштита на животот, истакнува дека нејзината цел е да изгради општество во кое самата идеја за медицински потпомогнато самоубиство ќе биде „незамислива“. Во септември, Долниот дом на британскиот парламент гласаше против предлогот за легализација на медицински потпомогнатото самоубиство, со 286 гласа „против“ и 270 „за“. Организацијата „Право на живот“ го оцени гласањето како „победа на…

    Прочитај го текстот



  • 29 новокрстени и уште 78 се подготвуваат за крштение во Антиохиска парохија во САД

    29 новокрстени и уште 78 се подготвуваат за крштение во Антиохиска парохија во САД

    Православниот храм „Свети Андреј“ во Арлингтон, сојузната држава Вашингтон, на 26 септември 2026 година крстил 29 лица. Антиохиската парохија продолжува да бележи значителен раст, а уште 78 огласени се подготвуваат да го примат Светото Крштение. Парохијата се наоѓа приближно на половина пат меѓу Сиетл и границата со Канада и во моментов брои 310 членови. Во изминатите три години бројот на верници се удвоил, а само во 2026 година во храмот досега биле крстени околу 65 лица. Парохиски свештеник е отец Дејвид Ховик. Пред околу 30 години, заедницата преминала во Православната Црква, откако претходно припаѓала на протестантска заедница која не била…

    Прочитај го текстот



  • Честитка до Архиепископот Стефан од Европската епархија

    Честитка до Архиепископот Стефан од Европската епархија

    До Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан Ч Е С Т И Т К А Ваше Блаженство, По повод 40-годишниот јубилеј од Вашата епископска служба, во името на Европската епархија Ви упатуваме искрени честитки и благодарност за Вашето долгогодишно и посветено архипастирско служење на Светата Црква. Му благодариме на Бога за Вашата вера, мудрост и љубов со кои низ сите овие години ја извршувате доверената Ви служба. Се молиме Господ и понатаму да Ве укрепува, да Ви дарува добро здравје, духовна сила и долг живот, за уште многу години да служите на Светата Црква и на верниот…

    Прочитај го текстот



  • Собрание на епископите во САД: речник на знаковен јазик и заеднички катихизис

    Собрание на епископите во САД: речник на знаковен јазик и заеднички катихизис

    Собранието на канонските православни епископи на Соединетите Американски Држави заседаваше во Питсбург, Пенсилванија, од 3 до 6 октомври 2026 година, на своето 15. заседание од основањето. Собранието изрази искрена благодарност до митрополитот Сава за гостопримството во новиот центар на Грчката православна митрополија во Питсбург, како и до православната заедница во градот за организирањето јавни настани. Главна тема на 15. заседание беше продолжувањето на работата на подготовката на заеднички катихизис. По разгледувањето на работата на Комисијата за богословско образование, Собранието ја потврди нејзината задача да подготви класичен катихетски текст. Собранието одобри и продолжување на работата на катихизисот, во која ќе бидат…

    Прочитај го текстот



  • Обраќање на Грузискиот Патријарх на конференцијата за темелите на Европската цивилизација

    Обраќање на Грузискиот Патријарх на конференцијата за темелите на Европската цивилизација

    На 2 октомври 2026 година во престолнината на Грузија, Тбилиси се одржа меѓународна конференција на тема „Темелите на Европската цивилизација и 1700 години Христијанство во Грузија“. На конференцијата присуствуваа претседателот и премиерот на Грузија, претседателот на грузискиот парламент, пратеници и претставници на извршната и законодавната власт и многу други угледни гости, од Грузија и од странство Свое обраќање на конференцијата имаше и Неговата Светост Католикос-патријархот на Грузија, Шио, во коешто истакна: „Ве поздравувам од сè срце и ви го честитам 1700-годишниот јубилеј од прогласувањето на христијанството за државна религија во Грузија. Ги поздравувам свештенослужителите кои пристигнаа од различни земји, раководителите…

    Прочитај го текстот



  • Упокоение во Господа на архимандрит Јустин, чувар на Јакововиот извор

    Упокоение во Господа на архимандрит Јустин, чувар на Јакововиот извор

    Ерусалимската Патријаршија извести дека на 18 септември / 1 октомври 2026 година, по долго боледување се упокои архимандрит Јустин Мамалос, обновител на светото поклоничко место на Јакововиот извор и ктитор на храмот „Св. Фотина Самарјанка“ во Неапол (Наблус), во Самарија. Неговиот живот и долгогодишното служење беа нераскинливо поврзани со темелната обнова и уредувањето на овој свет манастир. Блаженоупокоениот ги посвети своите сили, трудот и голем дел од својот живот на обновувањето, украсувањето и зачувувањето на Светиот манастир. Зад себе остави драгоцено наследство и дело што ќе го чува жив споменот за неговиот придонес. Ерусалимската патријаршија и братството на Светиот гроб…

    Прочитај го текстот



  • Отслужена прва Литургија на Руската Православна Црква во Гана

    Отслужена прва Литургија на Руската Православна Црква во Гана

    Со благослов на патријаршискиот егзарх на Африка на Руската Православна Црква, митрополитот Каирски и Северноафрикански Константин, претседателот на Мисионерскиот оддел при Патријаршискиот егзархат на Африка, свештеникот Георгиј Максимов, ја посети Гана. На 4 октомври 2026 година, во 18-та недела по Педесетница, о. Георгиј Максимов ја отслужи првата Божествена Литургија во историјата на Руската Православна Црква во Гана. На богослужбата присуствуваа вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Гана, А. Е. Ордаш, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Србија во Гана, Милутин Станоевиќ, вработени во руското дипломатско претставништво, како и руски државјани кои живеат во земјата. По завршувањето на Божествената Литургија…

    Прочитај го текстот



  • Митрополитот Никола се сретна со амбасадорот на Австралија за Македонија

    Митрополитот Никола се сретна со амбасадорот на Австралија за Македонија

    На 8 октомври 2026 година, во просториите на Австралиско-новозеландската епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Никола, се сретна со Неговата Екселенција г. Питер Трасвел, амбасадор на Австралија во Србија, Македонија и Црна Гора. Оваа посета претставува значаен придонес за зацврстувањето на меѓусебните односи и унапредувањето меѓу австралиските државни институции и Македонската Православна Црква во Австралија – се истакнува во објавата на епархијата. Во текот на разговорите беше истакнато значењето и улогата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во зачувувањето и негувањето на духовниот, националниот и културниот идентитет на македонскиот народ во Австралија. Неговото Високопреосвештенство, митрополитот г. Никола, изрази благодарност за посетата…

    Прочитај го текстот



  • Излезе од печат второто издание на Псалтирот

    Излезе од печат второто издание на Псалтирот

    Македонското библиско здружение соопшти дека од печат излезе второто издание на Псалтирот, преведен од старогрчки јазик. Изданието содржи обемен вовед, како и поделба на псалмите на катизми и распоред за нивно читање во текот на целата година, што овозможува полесно следење на богослужбеното читање на Псалтирот. Новото издание е достапно во три бои – бордо, окер и темносина. Извор: https://www.facebook.com/share/p/1KP1LA1q1r/

    Прочитај го текстот



  • Бугарско учество на меѓународна научна конференција посветена на Соборот на Крит

    Бугарско учество на меѓународна научна конференција посветена на Соборот на Крит

    По одлука на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, од седницата на Светиот Синод на 2 октомври годинава, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Варненски и Великопреславски Јован ќе учествува на меѓународната научна конференција посветена на Соборот на Крит (2016), која се одржува од 5 до 8 октомври 2026 година, во Ле Фонтен во Гувије – конференциски комплекс во близина на Париз, Франција. Излагањето на Неговото Високопреосвештенство е на тема: „Мисијата на Православната Црква во современиот свет: актуелноста на соборната порака од Крит и предизвиците пред црковното сведоштво денес“. Во излагањето е нагласена вредноста на соборниот документ од Крит, односно неговата сеопфатна перспектива,…

    Прочитај го текстот