Рашко-призренската епархија на Српската православна црква потврдува дека овластениот претставник на манастирот Високи Дечани денес во Централниот катастар на Косово во Приштина добил уредна катастарска потврда со целиот имот на манастирот Дечани, вклучително и 24 хектари земјиште кое му е признато на манастирот со одлука на Уставниот суд на Косово во 2016 година.
Врз основа на катастарскиот извод можеме да потврдиме дека е спроведена одлуката на Уставниот суд од 2016 година и дека во катастарот манастирот е признаен како сопственик на имотот кој претходно беше оспоруван.
Со ова можеме да констатираме дека долгорочниот правен процес што се водеше за 24 хектари манастирско земјиште на Високи Дечани конечно е решен.
Епархијата и манастирот Високи Дечани особено ѝ благодарат на специјалниот известувач г-ѓа Дора Бакојани и на сите други кои придонесоа овој долгогодишен спор да биде успешно решен.