Богослов од Грција: Автокефалијата на ПЦУ создаде проблем за целото Православие

Пишува: Јарослав Нивкин

Презвитерот Анастасиос Гоцопулос кажува дека Украинската православна црква (УПЦ) трпи гонења од сопствените власти, а, истовремено, страда од смрт и разурнувања, предизвикани од војната.

Во интервју за СПЖ, грчкиот богослов и свештеник Анастасиос Гоцопулос изјави дека доделувањето на автокефалија од страна на Фанар (Цариградската патријаршија) за Православна црква на Украина (ПЦУ) не само што не го реши проблемот на расколот во Украина, туку го рашири и врз целото Православие. Според неговите зборови, „самото устројство на автокефални Цркви било воведено во служба на единството на Вселенската Православна Црква“.

„За жал, автокефалијата, дадена на Украинската црква во 2019 година, не му послужи на таквото единство, ниту на локално, ниту на сеправославно ниво. Сега, по неколку години од Томосот на ПЦУ, ние со сигурност можеме да зборуваме за тоа. Значи, може да се изведе заклучок дека автокефалијата, која не му послужи на единството, не би требало да биде ни доделена“, – кажува богословот.

Според неговите зборови, тој би им поставил едноставно прашање на приврзаниците на автокефалијата на ПЦУ: Дали украинскиот раскол е надминат или, пак, можеби напротив, тој е продлабочен и засилен?

„Ние гледаме дека стотици архијереи, илјадници свештеници и монаси, и милиони верници трпат гонења само затоа што сакаат да му останат верни на своето црковно предание. Ние во Грција не можеме да им судиме за таа верност. Тие се наоѓаат во таа духовна средина, во која се родиле и пораснале. А тие ја отфрлаат таа автокефалија“ – кажува свештеникот.

Според неговите зборови, проблемот на ПЦУ „ја засега целата Православна Црква“.

„Такво нешто никогаш не се случило со автокефалиите, кои порано биле доделувани од Вселенската патријаршија, од 15. до 20. век. Никогаш и никаде не се случило доделувањето автокефалија да создаде такви проблеми во сесветското општење“ – кажува богословот.

Извор: https://spzh.media/ru/news/77766-avtokefalija-ptsu-sozdala-problemu-dlja-vseho-pravoslavija-bohoslov-hretsii