Пишува: Јарослав Нивкин
Презвитерот Анастасиос Гоцопулос кажа дека, до формирањето на сегашниот црковен систем, помесните Цркви поседувале поголема самостојност.
Отец Анастасиос Гоцопулос, презвитер и богослов од Грчката црква, во интервју за СПЖ го прокоментира сегашниот статус на Украинската православна црква (УПЦ). Тој истакна дека „таа може самата да вари миро и сама да ги канонизира своите светители, не барајќи дозвола од својата Мајка – Црква, односно од Московската Патријаршија.“
„УПЦ поседува таква автономија, каква што нема ниту во една друга автономна Црква… А колку што ми е мене познато, таков статус на автономија не е строго пропишан никаде во свештените канони, туку тој се подразбира во свештените канони како жива практика на животот на Црквата“ – вели богословот.
Според неговите зборови, „првобитно во Црквата постоел систем на автономни митрополии, а дури подоцна таа добила ваков изглед, каков што ние денес го знаеме. Таквите митрополии поседувале самостојност, но едноставно не се нарекувале автономни“.
Како пример, свештеникот ги наведува Црквите од областите Понт, Мала Азија и Тракија, кои со одлука на Четвртиот вселенски собор, му се потчинети на Константинопол. Богословот вели дека тие области имале автономни права и самите си избирале епископи. Во тоа време, таквите нивни права не биле пропишани никаде во каноните.
„Со други зборови, системот на автономија не му е туѓ на преданието на Православната Црква. Иако ние во каноните не го среќаваме зборот автономија, сепак во пракса, во животот на Црквата, тој постоел“ – истакна тој.
Богословот смета дека статусот на УПЦ го подразбира и тоа дека Московскиот Патријарх нема право да се меша во нејзиното живеење.
„Епископите на Киевскиот Митрополит Онуфриј ги бира Соборот на епископи на Украина. Нив не ги бира Москва. Сите епископи на Украинската Православна Црква под Митрополитот Онуфриј се државјани на Украина, а не се Руси. Во Грција многумина не го знаат тоа. Некои мислат дека епископите на УПЦ не се Украинци, туку се Руси, кои се дојдени од Русија, односно дека нив едноставно ги испратиле од Москва во Украина. Но, тоа не е така, тие се Украинци“ – кажа богословот.
Извор: https://spzh.media/ru/news/77733-bohoslov-status-upts-podrazumevaetsja-v-kanonakh-kak-zhivaja-praktika-tserkvi