На 28 март, во Римокатоличката црква беше Велики четврток. Римскиот папа Франциск отслужи Миса во римскиот затвор Ребибија, по што го изврши традиционалниот обред на миење на нозе. Овојпат, Римскиот папа им ги изми нозете на 12 жени затворенички, од различни националности.
Обредот на миење нозе во Римокатоличката црква датира најмалку од доцниот 12 век, кога Римскиот папа ги измивал нозете на 12 ипоѓакони, после Мисата на Велики четврток, и на уште 13 сиромашни луѓе, после вечерата, на истиот ден. Во 1955 година, Папата Пиј XII направи ревизија на овој обред и го вметна во самата Миса. Оттогаш, овој обред се прави веднаш после читањето на Евангелието за тоа како Исус им ги измил нозете на апостолите.
Сегашниот Папа Франциск, воведе уште една измена во овој обред, кога во 2013 им ги изми нозете на две жени и на муслимани, во еден римски затвор. Дотогаш, се подразбираше дека се мијат нозете само на мажи, христијани. Оваа година, за првпат, папата ги миеше нозете исклучиво на жени.
Извор: https://edition.cnn.com/2024/03/28/europe/pope-washes-feet-maundy-thursday-intl/index.html