Американскиот адвокат на Украинската Православна црква, Роберт Амстердам, упати отворено писмо до Цариградскиот патријарх Вартоломеј

Шефот на меѓународната компанија за човекови права „Amsterdam & Partners LLP“, адвокатот на Украинската православна црква (УПЦ) Роберт Амстердам, му напиша отворено писмо на Цариградскиот патријарх Вартоломеј. Во писмото, тој го побара неговото мислење во врска со нацрт-законот 8371 (во Украина), кој го отвара патот за забрана на Украинската православна црква.

„И покрај ветувањето на Патријархот Вартоломеј дека ќе ги почитува сите украински православни конфесии и дека ќе промовира домоустројство на заемно разбирање при доделувањето на Томос за автокефалија на новоформираната Православна црква на Украина, сепак неговата одлука ја отвори Пандорината кутија. Молкот, во врска со сѐ позаострената состојба, ја има направено Украинската православна црква да биде цел на насилна и неограничена кампања на заплашување, што ја спроведуваат украинските власти“ – напиша адвокатот Амстердам.

Адвокатот му се обрати на поглаварот на Цариградската патријаршија, барајќи од него да си го исполни ветувањето да „се сочува поредокот без тиранија, и да се зачува правдата, која е поврзана со милост и со сострадание.“

„Имајќи ги предвид неговата улога во Православието, и неговите претходни постапки за подршка на создавањето на нова Црква во Украина (ПЦУ), Патријархот Вартоломеј има морална обврска да повика да ’не се подели Христос’, да им се спротивстави на забраната на (постоење и дејствување) на Украинската православна црква, и на прогонот на православните христијани во Украина“ – кажа Роберт Амстердам.

Извор: https://www.ekklisiaonline.gr/nea/o-rompert-amsterntam-zita-tin-gnomi-tou-ikoumeniko-patriarchi-gia-ton-nomo-8371/