Фотографија: vaticannews.va
Римскиот Папа Франциск се сретна со митрополитот Агатангел, раководителот на „Апостолики Диаконија“, издавачката дејност на Црквата на Грција и со делегација на Атинскиот богословски факултет. Тој им се заблагодари за дводецениската соработка помеѓу Црквата на Грција и Католичкиот комитет за соработка во областа на културата.
„Младите, поткрепени со надежта заснована на верата, се оние кои можат да ги скршат врските на антагонизмот, недоразбирањето и предрасудите кои со векови ги спречуваа Римокатолиците и Православните да се признаат еден со друг како браќа и сестри.“
Овие зборови на папата Франциск беа упатени до Митрополитот Агатангел, раководителот на „Апостолики Диаконија“, издавачката дејност на Црквата на Грција и до делегацијата на Атинскиот богословски факултет кои го посетија во четвртокот, 16 мај 2024 година, во Ватикан.
Две децении соработка
Папата Франциск ги пречека угледните гости и им се заблагодари за „дведецениската соработка помеѓу „Апостолики Диаконија“ на Црквата на Грција и на Католичкиот комитет за културна соработка на Дикастеријата за промовирање на христијанското единство.“
Тој потоа ги осврна „со братска наклонетост кон Архиепископот Атински и цела Грција, Неговото Блаженство Јероним“ и го уважи како „човек со длабока вера и мудар пастир.“
Папата Франциск изрази благодарност за поддршката што Атинскиот Архиепископ ја има дадено и продолжува да ја дава за „активностите заеднички промовирани од Апостолики Диакониа и од Католичкиот комитет за соработка во областа на културата.“
Тој се потсети на добрата соработка која овие две институции ја имаа за време на економската криза во Грција и за време на пандемијата. И тој ја изрази својата радост поради „одлуката да се даде приоритет на културната, богословската и екуменската наобразба на идните генерации.“
Надеж во младата генерација
Потоа, тој изрази надеж дека младата генерација Римокатолици и Православни христијани ќе можат да се признаваат еден со друг „како браќа и сестри, обединети во различноста и способни да сведочат за љубовта Христова, особено во свет кој е поделен и раскинат од конфликти.“
„Радосен сум што дознав дека уште еднаш ова лето ќе пречекате на Атинскиот богословски факултет група од католички студенти, кои ќе се запознаат со современиот грчки јазик и со Православната црква“, рече Папата.
Тој ги охрабри собраните „да продолжат да патуваат, да работат и да се молат заедно додека го очекуваат доаѓањето на Светиот Дух, кој го носи дарот на Единство, заедничарењето и хармонија во легитимната различност.“