Митрополитот на Зимбабве Серафим (од Александриската патријаршија) објави фотографија од еден конгрес, одржан во минатото. Конгресот бил за мисијата на Црквата низ призмата на мисионерската служба на апостол, а бил одржан во организација на Митрополијата на Верија, на Науса и на Кампанија. По повод таа фотографија, Митрополитот Серафим забележува дека отсуството на општење меѓу помесните Православни Цркви претставува наше оддалечување од апостолското предание. Во продолжение следи неговата порака:
„Меѓународен богословски конгрес за мисијата низ призмата на мисионерската служба на апостол Павле, организиран од Митрополијата на Верија, на Науса и на Кампанија. Апостолите, и денес, претставуваат темел за видливото единство на помесните Православни Цркви. Отсуството на општење меѓу помесните Православни Цркви претставува наше оддалечување од апостолското предание, односно оддалечување од учењето за ’едната, света, соборна и апостолска Црква’. Да се молиме Светиот Дух да нѐ доведе до обновување на единството и на општењето меѓу православните, за да можеме да придонесеме и во приоритетот на човештвото да преживее преку одбирање на мирен дијалог. Нашите проблеми да ги решаваме на тој начин, а не да прибегнуваме кон избор на оружја, со кои се ризикува мирниот соживот на народите и се создава ризик за движење во насока на самоуништување, односно ризик да ја претвориме нашата планета во бескрајна гробница со ’живи мртовци’.“