До Реис-ул Улема
Хаџи Шаќир Ефенди Фетахи
Исламска верска заедница
во Македонија
Почитуван Ефенди Фетахи,
Од Своe, како и од името на архијереите, свештенослужителите, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви го честитаме празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи Ви Вам и на верниците од исламска вероисповед изобилни добрини од Господа.
Периодот на воздржување и пост нека ни бидe од полза, а сите денови да ни поминуваат во мир и почитување, меѓусебно разбирање и соработка, како би можеле богоугодно и човекољубиво да ја оствариме целта зададена од Севишниот!
Честит празник!
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СВЕТИОТ
АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД
НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
г. г. СТЕФАН