На 11 мај 2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на покана од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Видински г. Даниил од Бугарската православна црква и на Игуманијата Таиса со сестринството при Клисурскиот Манастир го посети овој манастир.
По повод 90 години од реосветувањето на манастирот и на фрескоживописот, во манастирот беше отслужена Светата Архиерејска Литургија, на која началствуваше Митрополитот Иларион, во сослужение со Митрополитот Даниил.