Средба на Архиепископот Австралиски од Цариградската Патријаршија со Премиерот на Грција

Фотографија: orthodoxianewsagency.gr

Премиерот на Грција, г. Киријакос Мицотакис и Архиепископот Австралиски г. Макариј, од Цариградската Патријаршија, имаа средба во канцелариите на Премиерот на 3 април оваа година.

Според соопштението од Архиепископијата, Неговото Високопреосвештенство беше топло примен од грчкиот премиер, кој изрази силен интерес да се запознае со животот на Грчката заедница и на Православната црква на Антиподите.

Во оваа прилика, г. Мицотакис му ја честиташе на Архиепископот Макариј 100-годишнината од основањето на Австралиската Архиепископија и го замоли да ги пренесе неговите добри желби на христољубивиот народ на петтиот континент.

Исто така, ја изрази и својата неподелена поддршка за Архиепископијата, истакнувајќи ја повеќедимензионалната работа што таа ја извршува, како и лично за Високопреосвештениот г. Макариј, за неговиот богољубива и силна пастирска дејност за Елинизмот. Тој изрази посебна благодарност за одлучувачкиот придонес на Православната црква во одржувањето и продлабочувањето на врските на Грчката етничка заедница со татковината.

Австралискиот Архиепископ од своја страна оддаде признание за неподелениот интерес што грчката Влада го покажа со низа мерки и иницијативи за Елинизмот на петтиот континент и пошироко за грчките иселеници. Во тој контекст, тој му се заблагодари на г. Мицотакис за неодамнешната законска иницијатива за воспоставување гласање преку пошта за европските избори и за националните референдуми, мерка која ќе го олесни непреченото остварување на правото на глас на грчките гласачи кои се далеку од татковината.

На крајот, Неговото Високопреосвештенство ги изрази своите добри желби кон Премиерот на Грција, за извршување на неговите одговорни должности, а обајцата се согласија да одржуваат стабилен канал на комуникација и соработка, за што поефикасно справување со потребите на Грчката заедница на Австралија.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/patriarxeia/oikomeniko_patriarxio/αρχιεπισκοπή-αυστραλίας/na-diatirithei-statheros-o-diaylos-synergasias-gia-tin-omogeneia-tis-aystralias-symfonisan-k-mitsotakis-arxiepiskopos-makarios/