На 30 мај 2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан учествуваше на конференција организирана од Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети Македонија, ИКОМОС, организирана по повод успешното реализирање на проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство”, кого што ИКОМОС го спроведе во партнерство со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а со финансиска поткрепа на Одделот за култура на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави.
Во овој исклучителен проект е извршен мониторинг и проценка на состојбата на зачуваност, конзервација и заштита на 707 храмови и манастири коишто претставуваат дел од недвижното православно културно наследство на Македонија.
Проектот е достапен на следнава интернет адреса: http://monitoring.icomos.org.mk
Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/monitoring-na-kulturno-nasledstvo-ikomos/