Неговото Блаженство Архиепископот Атински и на цела Грција г.г. Јероним беше молитвено присутен на Литургијата во храмот на Христовото Воскресение во Спата, Грција, во неделата на светата великомаченица и рамноапостолна Фотина (Светлана) Самарјанката. Овогодинешното чествување е дел од одбележувањето на 50-годишнината од основањето на Месогејската Митрополија (1974-2024), во која се наоѓа градот Спата.
„Повикани сме да го споиме, да го соединиме елинизмот со христијанството. Ни даваат многу ’лекови’, но не значи дека оној што прима многу ’лекови’ стекнува добро здравје“ – истакна, меѓу другото, во својата беседа Архиепископот Јероним. Тој додаде дека „наш центар е Божествената Литургија, каде секој на другиот му приоѓа со посебни чувства. Ќе ја посакам оваа желба: да ги обединиме елинизмот, христијанството и борбата [духовна] не за личен интерес, туку за напредок на ова место“.
Светата Литургија ја служеше Митрополитот Месогејски и Лавреотиски г. Николај во сослужување со Митрополитите Кифисиски г. Кирил и Глифадски г. Антониј.
Митрополитот Месогејски г. Николај им се заблагодари за нивното присуство на Архиепископот, на архијереите и на сите собрани и говореше за педесетгодишнината од основањето на митрополијата.