По повод својот голем јубилеј, Богословијата „Св. Арсениј Сремац“ издаде единствена монографија, која го опфаќа севкупниот развој на изучување на богословието во Сремски Карловци од 18 век до денес.
Претставувањето на монографијата се одржа на 21 мај 2024 година, во свечената сала на „Матица српска“ во Нови Сад. На настанот присуствуваа: голем број свештеници, луѓе од областа на науката и на писателската дејност, како и сите почитувачи на траењето и на традицијата, кои ги чува Карловачката богословија. Програмата ја започна хорот на Богословијата, пеејќи го велигденскиот тропар. Потоа, на присутните им се обратија: Сремскиот епископ Василиј, претседателот на „Матица српска“ проф. др. Драган Станиќ, директорот на Историскиот архив на Нови Сад г. Петар Ѓурѓев, ученикот од 4 клас во богословијата г. Вељко Милутиновиќ, поетот г. Игор Мировиќ и протојереј-ставрофор Јован Милановиќ, кој е ректор на богословијата.
Извор: https://spc.rs/predstavljena-monografija-o-karlovackoj-bogosloviji/