Епископот Атанасиј од Полската православна црква во посета на Македонската православна црква

Неговото Преосвештенство Епископот Лодзински и Позњански г. Атанасиј, од Полската православна црква, на покана од Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, се наоѓа во неколкудневна посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Откако Владиката Атанасиј, заедно со Митрополитот Григориј и вомировениот Митрополит г. Јосиф, ги посети знаменитите храмови и манастири од Кумановско-осоговската епархија, тој денес, на 15 мај 2024 година, имаше средба со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Македонската Архиепископија во Скопје.