Годишно Епархиско свештеничко собрание на Брегалничката Православна Епархија во Лесновскиот Манастир

На 30.05.2024 година, св. ап. Андроник и св. Јунија; св. мч. Солохон; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Православна Епархија, во Лесновскиот Манастир.

По Божествената Литургија беше одржано редовното Епархиско Свештеничко Собрание на кое претседаваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на свештенството од Брегалничката Православна Епархија. На собранието се разговараше за работата на епархиските архиерејски намесништва, а Митрополитот г. Иларион даде напатствија и поуки за разрешување на проблемите од севкупниот црковен живот во Епархијата.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/