Литургија во храмот „Свети Спас“ во с. Добрушево, Битолско

На 11 мај 2024 година, во саботата од Светлата седмица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и со Нивните Преосвештенства, Епископите: Хераклејски г. Климент и Велички г. Никола – чиноначалствуваше на Светата Златоустова литургија во храмот „Свети Спас“ – с. Добрушево, Битолско, а по повод 100-годишнината од неговото обновување на местото на разрушениот храм во Првата светска војна.

Исто така, годинава по 12-ти пат се одржа и Добрушевската средба, па по тој повод по Литургијата следуваше богата културна, фолклорна и спортска програма.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/liturgija-dobrusevo-2024/