Фотографии: orthodoxianewsagency.gr
Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу се сретна со Александрискиот Патријарх Теодор II, во седиштето на Александриската патријаршија во Египет.
Таа ја нагласи посветеноста на Александрискиот Патријарх во извршувањето на неговата мисија како духовен раководител на паството во Африка. Според неа, Патријархот Теодор е достоен репрезент на гркоправославното предание.
Претседателката на Грција потенцираше и дека грчката држава го цени клучниот придонес на Александриската Патријаршија во одржувањето на добра комуникација со египетската страна.
Патријархот Теодор ја одликуваше претседателката Сакеларопулу со највисокото одликување на Патријаршијата: голем крст на свети Марко со ѕвезда.