На 14 мај 2024 година, во посета на Бигорскиот манастир пристигна Високопреосвештениот Митрополит на Оулу г. Илија од Финската православна црква (за која неодамна пишувавме), заедно со својата придружба и со група од поклоници.
Неговото Високопреосвештенство беше пречекан со Доксологија, по што гостите беа примени од игуменот на Бигорскиот манастир, Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј и братството. Тие се поклонија на светињите кои се чуваат во светата обител, и имаа можност да го разгледаат манастирот.