На 13 мај 2024 година, Митрополитот Струмички Наум го посети седиштето на Будимската епархија (на Српската православна црква), во Сентандреј, кај Будимпешта. Таму беше пречекан од Будимскиот епископ Лукијан, по што го посети Соборниот храм во Сенандреј. Митрополитот Наум и епископот Лукијан, во сослужение со протосинѓелот Варнава Кнежевиќ и Протојереј-ставрофор Војислав Галиќ, отслужија помен за сите упокоени православни христијани, што традиционално се извршува на овој ден.
Потоа, двајцата архијереи остварија средба во епископското седиште на Будимската епархија, при што разговараа за животот на Православната Црква воопшто.