Информативната служба на Српската православна црква денес соопшти дека на Патријархот Порфириј и на неколкумина архијереи им бил забранет влезот на Косово и Метохија. Тие се упатиле таму по повод почетокот на заседанието на Светиот архијерејски собор, кое треба да започне утре. Во соопштението се вели:
„Неговата Светост, Српскиот патријарх г. Порфириј, кој со уште седуммина архијереи требаше, според востановената процедура, во попладневните часови да допатува во седиштето на Српската православна црква, манастирот ’Пеќка Патријаршија’, заради почеток на редовното годишно заседание на Светиот архијерејски собор, на административниот премин ’Мердаре’ беше запрен од службенците на привремените власти во Приштина. Без никакво образложение им е соопштено дека им е забранет влезот во Покраината.
Од аспект на човековите права и слободи на кој било човек, одлуката, да им се забрани доаѓањето на поглаварот на Српската православна црква и на епископите во древното седиште на Српската православна црква, е неразумна и неприфатлива. Истовремено, таа е точна слика на положбата на Српската црква и на српскиот народ на Косово и Метохија.
Патријархот апелира до сите, кои имаат влијание врз ситуацијата на Косово и Метохија, да сторат сѐ што зависи од нив да се прекине со нарушувањето на човековите права на српскиот народ, па и правата на слобода на движење на Српскиот Патријарх, на епископите и на свештенството. Патријархот Порфириј нема да го остави својот народ на Косово и Метохија, и ќе стори сѐ што е возможно да се сретне со него и заедно со него да Му се помоли на Бога, што е можно поскоро.
Заседанието на Светиот архијерејски собор ќе почне со работа утре во храмот ’Св. Сава’ на Врачар. Таму во 9 часот ќе почне светата архијерејска Литургија, во сослужение на сите архијереи“.
Извор: https://spc.rs/patrijarhu-srpskom-profiriju-i-arhijerejima-zabranjen-ulazak-na-kosovo-i-metohiju/