Осоговската света обител и оваа година со радост го прослави споменот на својот игумен, преподобниот отец Јоаким Крчовски.
Празнувањето на неговиот спомен започна на 22.05.2024 година, со Празничната вечерна богослужба.
На 23.05.2024 година, започна Евхаристиската прослава на споменот на преподобниот игумен, Јоаким Крчовски. Божествената Литургија беше возглавена од Преосвештениот епископ Белоградчишки г. Поликарп, од Бугарската православна црква, во сослужение на Високопреосвештените Митрополити Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Григориј, вомировениот Кумановско-осоговски г. Јосиф и Преосвештениот епископ г. Јаков и свештенство од повеќе епархии на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и од Софиската митрополија на Бугарската православна црква. На Божествената Литургија многубројниот верниот народ се причести со светите Христови тајни.
По Божествената Литургија Високопреосвештениот Митрополитот г. Јосиф изврши Мал Водосвет и ги прережа кумските колачи.