Петти Акатист на Пресвета Богородица, Исповед на Свештенството и Редовно Епархиско Собрание на АКМПЕ, во Катедралниот Храм „Раѓање на Пресвета Богородица“

Известува: о. Горан Трпчевски

На 19 април 2024 година, со благослов од надлежниот Епархиски Архиереј на Американско-канадската Македонска Православна Епархија, Митрополитот Методиј, во Катедралниот храм на Епархијата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтц, пред Чудотворната икона на Мајката Божја (Иверска од Хаваи), свештенството од нашата Епархија, го отслужи петтиот Акатист на Пресвета Богородица, по што се изврши и Светата Тајна Исповед на Свештенството.

Следниот ден, на 20 април 2024, во просториите на Црквата, се одржа и редовното годишно Епархиско собрание, со присуство на свештенството и делегатите од Америка и Канада, на кое се поднесоа Извештаи за работата на Епархијата. Домаќините на 50-то Јубилејно Собрание на Епархијата, кое ќе се одржи од 30 јули до 2 септември во МПЦ „Св. Петар и Павле“ од Краун Поинт, ги информираа присутните на Собранието, за подготовките кои се во тек, за што поуспешно Јубилејно Собрание.