Посета на дневниот центар на лицата со посебни потреби во Делчево

Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, на 14 мај годинава, го посети дневниот центар на лицата со посебни потреби во градот Делчево. Таму оствари средба со раководителот Благојчо Стоименовски на овој меѓуопштински центар (Делчево и Македонска Каменица). Преку разговор со вработените владиката се запозна со активностите на децата во овој центар, но и за тоа како е организирани и како функционира оваа институција.

Владиката Марко како благослов им подари на корисниците на овој центар по еден мал молитвеник и ланче со крст.