На 12 мај годинава, денот кога се празнува споменот на Свети Василиј Острошки, Чудотворец, беше прославена славата на Богословскиот факултет во Фоча, Босна и Херцеговина, чиј патрон е овој голем светител на Христовата Црква.
По тој повод, во храмот „Свети Сава“, во Фоча, беше света архијерејска Литургија отслужи Високопреосвештениот Митрополит Дабробосански г. Хризостом, со молитвено учество на голем број народ, свештенство, монаси и студенти. Велелепноста на богослужбата ја зголеми пеењето на друштвото на певци „Побратимство“, на хорот на храмот Свети Сава, како и на студентите на Богословскиот факултет.
На крајот од Литургијата, Митрополитот Хризостом го благослови празничниот колач, кршејќи го со домаќинот, протојереј-ставрофор проф. д-р Владислав Топаловиќ, деканот на оваа високообразовна установа на Српската православна црква.
Одбележувањето на славата продолжи во амфитеатарот на Народниот театар во Фоча, каде се одржа свечена академија со голем број угледни гости, меѓу кои и началникот на општината Фоча, г. Милан Вукадиновиќ, ректорот на Универзитетот во Источно Сараево, проф. Д-р Милан Кулиќ и други.
Извор: https://spc.rs/krsna-slava-pravoslavnog-bogoslovskog-fakulteta-u-foci/