Средба на Архиепископот со управниот одбор на македонското библиско здружение

На 14 мај 2024 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во свечената синодска сала, оствари средба со Управниот одбор на Македонското библиско здружение. На средбата беа претставени досегашните, но и тековните проекти на Библиското здружение, а меѓу другото, пак, беа разменети и повеќе мислења и предлози за одредени прашања, коишто се полезни за неговата успешна и делотворна работа во иднина.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sredba-so-upravniot-pdbpr-na-makedonskoto-biblisko-zdruznie-2024/