Средба на Митрополитот Тимотеј со Митрополитот Филарет од Украинската православна црква

На 13.04.2024 година, во Митрополитската резиденција во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, оствари средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Лвов и Галиција Филарет од канонската Украинска православна црква (УПЦ).

Разговорот помина во пријатна и пријателска атмосфера, а беа разменети повеќе мислења и информации за животот во Македонија и Украина, и за состојбата со православната црква во Украина.

Извор: https://www.dke.org.mk/index.php/3648-sredfilar