Грчката заедница во Њујорк на 14 април оваа година, ја прослави годишнината од националната преродба со голема парада во срцето на Менхетен. Петтата авенија доби грчки пулс со грчките иселеници кои маршираа под звуците на марширачките оркестри, меѓу кои и „Македонија Ксакусти“.
Прославата почна со Божествена Литургија, во катедралниот храм Света Троица, на која началствуваше Митрополитот на Верија, Науса и Камбанија г. Пантелејмон, од Црквата на Грција, во сослужување со Епископот Иринеј источноамерикански од Српската православна црква, Архиепископот Американски Елпидофор и Епископите Атинагора Назијански, Христофор Амфиполски и Нектариј Диоклиски од Цариградската Патријаршија.
Архиепископот Елпидофор исто така беше на чело на поворката на почесната парада по повод независноста на Грција, на која зедоа учество голем број високи претставници на власта во Грција, Кипар, како и градоначалникот на Њујорк, сенатори и други високи претставници на властите на САД.
Два дена претходно, на 12 април, Архиепископот Елпидофор отслужи доксологија по повод денот на грчката независност. На службата присуствуваа голем број видни гости, меѓу кои и пратеници од грчкиот парламент, дел од кои гласаа „за“ спорниот закон за брак на истополови парови, и нивното право да посвојуваат деца.
Извор: https://orthodoxtimes.com/the-pulse-of-hellenism-reverberated-in-manhattan-new-york-video/ , https://www.goarch.org/-/greek-independence-day-parade-in-new-york-city