Света Литургија во „Св. Димитриј Солунски“, во Палм Бич Гарденс, Флорида

Известува: Јереј Горан Трпчевски

Со благослов од надлежниот епархиски архиереј на Американско-канадската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепсикопија, Високопреосвештениот Митрополит г. Методиј, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, во храмот на Македонската Православна Црква „Св. Димитрија Солунски“, во Палм Бич Гарденс, во Флорида, се отслужи Света Божествена Литургија, во сослужение на архијерејскиот заменик протојереј-ставрофор Синиша Ристовски и новоназначениот парохиски свештеник протојереј Мики Миовски.

Многубројниот верен народ кој присуствуваше на Светата Литургија се причести со Светите Тајни Христови.

По Службата, на новоназначениот парохиски свештеник, во име на Митрополитот Методиј, архијерејскиот заменик му посака успех во неговата парохиски служба, по што се одржа и посна трпеза донирана од Кумовите Крсте и Лилјана Климоски.