Швајцарските медиуми го нагласија придонесот на Руската православна задгранична црква (РПЗЦ) во помошта на украинските бегалци

L’Illustré: „Русите и Украинците обединети во молитва

Медиумите во Швајцарија објавија репортажа за плодотворната работа, што ја спроведува Великобританската и Западно-европска епархија на РПЗЦ во врска со укажувањето помош на бегалците, жртви од оружениот конфликт на територијата на Украина.

Конкретно, во статијата, што ја објави списанието L’Illustré, се раскажува за парохискиот живот на катедралниот храм „Воздвижение на чесниот крст“ во Женева, во овие сложени времиња на меѓународни конфликти. „Интервјуто со свештенството и со неколку парохијани, дополнето со фотографии, сведочи за духот на братска љубов и на заемно помагање, кој владее во епархијата уште од самиот почеток на воените дејствија на територијата на Украина“ – се вели во соопштението на парохискиот сајт.

Извор: https://eglise-russe.ch/ru/русские-и-украинцы-объединились-в-мо/