На 23.3.2024 година, кога Православната Црква го чествува споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон, попознат како Тодорова сабота, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ – Центар, Скопје.
На Архиепископот му сослужуваа: игуменот Агатон Апостоловски, јеромонахот Атанасиј Арсоски, ставрофорниот протојереј Сашо Николовски и јерејот Александар Несторовски; протоѓаконите: Александар Димитријов и Драган Иванов, како и ставрофорниот протојереј Јован Милановиќ, од сестринската Српска Православна Црква, којшто, воедно, е и ректор на Српската Православна Богословија „Свети Арсениј“ од Сремски Карловци.
Литургиското собрание беше збогатено и со прекрасното и велелепно пеење на хорот при истоимената Богословија.