Прва парохија посветена на новоканонизираната Света Олга од Алјаска

Фотографија: archdiocese.ca

На 3 февруари оваа година, во Едмонтон, Алберта, во Канада, беше основана мисионерска парохија, посветена на новоканонизираната Света Олга од Алјаска. Почетокот беше обележан со Воскресна вечерна богослужба. Парохијата припаѓа на Архиепископијата на Канада, на Православната црква во Америка.

За вбројувањето помеѓу светителите на Св. Олга, првата жена светителка во САД, веќе известивме на нашиот портал. Ова најверојатно е првото богослужбено место под нејзино небесно покровителство.

Ова мисионерска заедница произлезе од желбата на парохијата „Св. Герман од Алјаска“ во Едмонтон да ја прошири благата вест на Евангелието и на Православното христијанство на југот на Едмонтон. Под духовно раководство на о. Рајан Бишоп, 50 членови на парохијата „Св. Герман“ се зафатија со ова дело.

Следниот ден, недела, беше отслужена првата Божествена литургија на ова место. Беа присутни околу 80 души, од новооснованата парохија, и од парохијата „Св. Герман“ кои дојдоа да се поздрават и да им посакаат успех, со врските на братската љубов.

Парохијата веќе има своја интернет страница на следната адреса: http://stolgas.ca/

Со овој голем почеток, Господ нека делува во срцата на чедата на парохијата „Св. Олга“, и во пошироката заедница!

Извор: https://www.archdiocese.ca/articles/new-mission-dedicated-st-olga-alaska-edmonton