На 28.05.2024 година, кога се прославува споменот на св. Гаврил Епископ Велички, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој чиноначалствуваше на Светата Литургија, Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во манастирот „Св. Гаврил Лесновски” во Лесново.
Неговото Пресвештенство г. Јаков одржа пригодна беседа, а на крајот од Божествената Литургија, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб.
Христос Воскресе! – Навистина Воскресе!