Фотографија: каналот на „Евросолидарност“ на Тик-ток
Според шефот на фракцијата „Евросолидарност“ во Градскиот совет во Киев, Марина Порошенко, Советот неодамна изгласал две нацрт-одлуки според кои десетици православни цркви ќе бидат проверени за „законитоста на употребата“.
Веста доаѓа само една недела откако Десетинската црква во Киев беше урната среде ноќ, слично како што претходната црква на истото место беше срушена од болшевиците во 1936 година.
Порошенко укажува дека црковните инспекции имаат за цел да ги раскинат договорите за користење со канонската Украинска православна црква, која Советот ја карактеризира како „верска организација управувана од земјата агресор Русија“, пренесува каналот Фома од Украина.
Согласно со донесеното решение, ќе се проверува статусот на договорите. Доколку договорот е истечен, тој нема да се продолжува, туку заедницата ќе биде принудена да ја напушти црквата.
Меѓутоа, „Доколку рокот на договорот сè уште не е истечен, ќе ги имаме сите причини да го раскинеме овој договор предвремено“, додаде Порошенко.
Увидот мора да се изврши во рок од три месеци по денот на објавувањето на решението, 17 мај.
Донесеното решение предвидува дека: „Во отсуство на уредно заверени договори за користење и/или поставување или изградба на објекти на територијата без соодветни дозволи, територијата ќе се смета за незаконски изградена или окупирана. Заедницата ќе биде принудена да ја напушти територијата, а ’незаконски поставените’ објекти ќе бидат предмет на уривање“.
На списокот за проверка во моментов се 73 цркви, но тој може да биде и надополнет.