Две нови православни цркви во Белгија

Храмот Рождество на Богородица во Кортријк. Фотографија: archiepiskopia.be

Две нови православни цркви беа официјално отворени во Белгија во април годинава.

На 13 април, Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Бриселски и Белгиски од Московската патријаршија Симон го освети олтарот и отслужи Божествена Литургија во црквата Рождество на Пресвета Богородица, во Кортријк, во северозападна Белгија, како што известува епархијата. Му сослужуваа четворица свештеници и пет ѓакони, главно од Брисел.

При осветувањето, во светата трпеза беа поставени моштите на свети Владимир од Киев и Галиција.

По богослужбата, сите присутни беа почестени со братска трпеза.

* * *

Една недела подоцна, во градот Антверпен свечено беше отворена Бугарската православна мисија Света Злата Мегленска, како што пренесува Добротољубие.

Заедницата на оваа мисија се собира во католичката капела „Светото Име Христово“. Околу 60 луѓе присуствуваа на Божествената Литургија на 20 април, што ја отслужи основачот на мисијата, отец Стојан Бербатов заедно со отец Николај Николов од бугарската парохија во Келн.

Фотографија: dobrotoliubie.com

Господовата молитва се читаше на словенски, бугарски, фламански, германски и француски јазик.

По богослужбата, претседателот на парохијата симболично ја пресече лентата додека се пееше „Многаја лета“.

„Се надеваме и искрено веруваме дека создавањето на црковна општина за Бугарите кои живеат на овие простори ќе придонесе за донесување на Радосната вест за Христовото Воскресение во срцата и душите на нашите сонародници“, рече отец Стојан.

Денот продолжи со посна трпеза и жива народна музика.

Извор: https://orthochristian.com/159839.html