На 1 јуни 2024 година, во рамките на манифестацијата „30-та Павлијада“, во митрополитскиот храм „Успение на Богородица“ во Александрија (Грција) се одржа еднодневна конференција на сопруги на свештеници и на мајки на безбрачни клирици од митрополијата на Верија, на Науса и на Кампанија (на Црквата на Грција).
Прво беше отслужена Литургија, на која началствуваше надлежниот архијереј, Верискиот митрополит Пантелејмон. На крајот беше отслужен помен по повод 20-годишнината од упокојувањето на Василија Калпакидис, мајка на Митрополитот Пантелејмон.
Темата на конференцијата беше: „Домашната црква“. Во своето обраќање, Митрополитот Пантелејмон нагласи дека „се покажува колку успешен бил изборот на апостол Павле да ги нарече христијанските семејства ’домашна црква’. Ако тој назив важи за секое христијанско семејство, тогаш уште повеќе важи за свештеничкото семејство. Ова има еден дополнителен благослов, кој се состои во тоа сопругот или синот да е свештеник и Божји литург, што ѝ дава уште поголема благодат на домашната Црква на свештеничкото семејство. Меѓутоа, тоа ја зголемува и одговорноста пред луѓето и пред парохијаните, но и пред Црквата и пред Бога“.