Во првиот ден од неговата посета на Украина, на 1 јуни 2024 година, Архиепископот Вашингтонски, Митрополит на цела Америка и на Канада Тихон (поглавар на Православната црква во Америка), началствуваше на бдението во катедралниот храм „Свети Дух“ (на Украинската православна црква, УПЦ) во градот Черновци. На Митрополитот му сослужуваа: Блаженејшиот Митрополит Киевски и на цела Украина Онуфриј (поглавар на УПЦ), мноштво архијереи и десетици свештенослужители на Украинската православна црква. На богослужбата беа присутни илјадници православни верници од тој крај.
На 2 јуни, Блаженејшиот митрополит Тихон, заедно со Блаженејшиот митрополит Онуфриј, ќе отслужи Литургија во Банченскиот манастир „Вознесение Христово“.
#Пряма_трансляція. Полієлей очолює Блаженніший митрополит ТИХОН, предстоятель Православної Церкви в Америці у кафедральному соборі на честь Сходження Святого Духа міста Чернівці.
Posted by Чернівецько-Буковинська єпархія УПЦ on Saturday, June 1, 2024