Група рускојазаични верници од Северен Израел во посета на Ерусалимската Патријаршија

Во понеделник, 14 / 27 мај 2024 година, Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил прими група рускојазични верници, кои се под јурисдикција на Ерусалимската Патријаршијата, при манастирот на светите првоврховни апостоли Петар и Павле Капернаумски, чиј настојател е монахот Иринарх.

Во овој свет манастир на Патријаршијата се опслужуваат верски потреби на рускојазичните верници од северен Израел.

На оваа средба, Неговото Блаженство им објасни на членовите на оваа група дека го имаат скапоцениот благослов да припаѓаат на Ерусалимската црква, која е Мајка на Црквите, бидејќи таа се наводнува од искупителната крв на Исус Христос и „прва го прими отпуштањето на гревовите преку Воскресението“.

„Во Ерусалимската црква“, продолжи Неговото Блаженство, „важи кажаното од апостолот Павле, дека нема ниту Евреин, ниту Грк, нема ниту роб ниту слободен, нема ниту машко ниту женско, туку сите сте едно во Христа Исуса“ (сп. Кол. 3, 11).

Членовите на рускојазичната заедница во Израел се духовни чеда на Ерусалимската патријаршија а истовремено политички припаѓаат на државата Израел, и имаат еврејски идентитет.

Државата Израел ја знае и ја препознава нивната ситуација и им помага во секојдневните услови за живеење.

Неговото Блаженство го пофали трудот на Високопреосвештениот Митрополит на Назарет г. Киријак, на Високопреосвештениот Архиепископот Мадавски г. Аристовул и на монахот Иринарх и ја благословија оваа група која отиде на поклонение кај Светиот гроб.

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/ομασ-ρωσοφωνων-πιστων-του-βορειου-ισρ/