На 24 и 25 март Грузиската Православна Црква го прослави денот на автокефалноста.
Имено, на 25 март 1917 година, со Божја помош и со заложби на истакнати свештенослужители и мирјани, вратена е автокефалноста на Грузиската апостолската православна црква, која беше изгубена пред повеќе од сто години. Тоа беше, и сè уште е, историско достигнување од најголемо значење за државата и за црквата.
Но, за возобновената автокефалија на црквата беше неопходно да се добие признание и од помесните цркви. И така, во 1990 година, во првата недела од Великиот пост, на празникот на Торжеството на Православието, а тогаш овој ден беше на 4 март, со големи напори на Католикосот-Патријархот на цела Грузија Илија II, Цариградскиот Патријарх, Неговата Светост Димитриј I, на Грузиската Православна Црква ѝ го предаде документот за признавање и потврдување на историската автокефалност на Црквата – Томосот. Истиот ден, 4 март 1990 година, Цариградскиот патријарх на Грузиската црква ѝ го предаде и вториот акт со кој се потврдува патријаршиското достоинство на автокефалната црква.
Извор: https://patriarchate.ge/news/3307
Прочитајте и: Кратка историја на Грузиската Православна Црква