Врховниот суд на Украина за првпат го прогласи принудниот премин од Украинската Православна Црква во Православната Црква на Украина за легален

Врховниот суд на Украина постави нов преседан со официјалното прогласување на преминот на парохијата од Украинска православна црква во Православната црква на Украина (чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) за легален, за првпат.

Преминот на црквата „Покров Богородичен“ во селото Калиновка, во Житомирската област, се случи според следното сценарио: Православната Црква на Украина собра луѓе кои немаат никаква врска со парохијата и тие изгласаа преминување во новата Православна Црква на Украина. Тоа беше прифатено од властите и потоа храмот ѝ беше физички одземен на Украинската Православна Црква.

Во меѓувреме, верниците кои всушност се црквуваат во тој храм едногласно ја објавија својата лојалност кон Украинската Православната Црква, на чело со Неговото Блаженство Митрополитот Киевски и на цела Украина г.г. Онуфриј, и поднесоа жалба заради присилното одземање на нивната црква. Нивниот случај беше одбиен од пониските апелациони судови и заврши пред Врховниот суд.

Големиот совет на Врховниот суд на Украина донесе одлука на 3 април со која ја потврдува законитоста на одземањето на црквата.

Адвокатите кои ја застапуваат Православната Црква на Украина коментираат дека „важноста на дадениот случај не може да се прецени, бидејќи тој ќе стане преседан за сите други слични спорови“.

Извор: https://www.pravda.com.ua/news/2024/04/3/7449556/ преку: https://orthochristian.com/159471.html