Откако вчера косовските власти не им допуштија влез на Косово и Метохија на Српскиот Патријарх Порфириј и на епископите на Српската православна црква, Неговата Светост Патријархот Порфириј денес ја објави следната изјава:
За мене се отворени сите врати на овој свет, како што и нашите врати се отворени за сите, само вратата од мојот дом Пеќката патријаршија е затворена и не ме пуштаат да влезам во него.
Како Патријарх на Србија, како граѓанин и како верник, знам и порачувам дека самиот Бог порано или подоцна ќе ја отвори таа врата. Оние кои ги затворија вратите на молитвениот дом, најпрвин самите на себе си прават зло, а потоа и на сите луѓе. Ја затворија вратата за секое добро, благослов и среќа. Кога вака му се ускратува слободата на движење на Српскиот патријарх, што ли се случува со Србите кои живеат во гета. Им порачувам да издржат, затоа што кој ќе издржи до крај, тој ќе се спаси. Ако за Српскиот патријарх ги затворија вратите на Пеќката патријаршија, сигурно не можат да ја затворат нашата љубов и нашите добри намери. Сигурно е дека за нас, особено на Косово и Метохија, небото е отворено и тоа ќе ги отвори сите врати коишто злото ги затвори.
Извор: https://spc.rs/izjava-patrijarha-srpskog-g-porfirija/