Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Старозагорски г. Кипријан од Бугарската православна црква, кој беше дојден во Охрид на покана на надлежниот архијереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а по повод канонизацијата на светите Божји угодници Спаса и Спасе Вишински, за време на својот престој во Охрид, го искористи своето право на глас на избирачко место во трговскиот центар во градот.
„Гласам за подобра иднина и просперитет на Бугарија, како и за зачувување на моралните основи на нашето општество“, рече владиката.
Посетата се одвива со благослов на потпретседателот на Светиот Синодот на Бугарската православна црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Врачански г. Григориј. Во делегацијата се и протоѓакон Димитар Куманов, ѓакон Ангел Димитров и административниот службеник Младен Пашов, кои, исто така, своето право на глас го остварија во странство.
Извор: https://mitropolia-starazagora.bg/митрополит-киприан-упражни-правото-с-7/