Неделата на Самарјанката прославена покрај Јакововиот извор

Во сабота, 19 мај / 1 јуни 2024 година, со поместување од еден ден, беше прославена неделата на Самарјанката при Јакововиот извор во Наблус, Самарија. Покрај изворот, во блискиот храм, Божествена Литургија отслужи Блаженејшиот Патријарх Ерусалимски г.г. Теофил, во сослужување со други архијереи, свештеници, и со учество на верниот народ.

За време на овој празник, целата Ерусалимска црква го одбележува споменот, следејќи го евангелистот Јован (гл. 4), на Самарјанката, која доаѓајќи да нацрпи вода од бунарот на патријархот Јаков во Наблус, нацрпела вода од изворот на животот, нашиот Господ Исус Христос, Оној Кој ѝ ги открил сите нешта од нејзиниот живот и ѝ открил дека Тој е очекуваниот Месија.

Оттогаш, Самарјанката го напуштила својот претходен грешен начин на живот и дури се удостоила со маченичка смрт, и таа и другите членови на нејзиното семејство, синовите и браќата.

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/η-εορτη-τησ-σαμαρειτιδοσ-εισ-το-πατρια-2/