Канонизирани Синоезерските преподобни маченици Сергеј, Авраамиј, Ефрем и Василиј

На 31 март 2024 година, во втората недела од Велигденскиот пост, Митрополитот Вологодски и Кириловски Сава, Епископот Великоустјушски и Тотемски Фотиј и Епископот Череповецки и Белоезерски Игнатиј отслужија Литургија во катедралниот храм  „Преподобни Атанасиј и Теодосиј Черповечки“ во градот Череповец.

На малиот вход, од Литургијата, се објави вбројувањето во диптихот на светители на светите јеромонаси Сергеј и Авраамиј, на схимонахот Ефрем и на искушеникот Василиј, од Синоезерскиот манастир, кои пострадале маченички во 1612 година. Претходно, Митрополитот Сава го прочита указот на Светиот Синод на Руската православна црква (од 12 март 2024 година) за вбројување на имињата на преподобните маченици Сергеј, Авраамиј, Ефрем и Василиј во списокот на Соборот на вологодските светители. Потоа, Епископот Игнатиј ги прочита житијата на светителите. Иконата на Синоезерските светители беше изнесена од олтарот и беше поставена во централниот дел од храмот, за да се поклонат верниците.

Извор: http://www.patriarchia.ru/db/text/6118046.html