Празникот на Благовештението прославен и во Индонезија

На 6 април 2024 година, во навечерието на Крстопоклоната недела и на Благовештението на Пресвета Богородица, Патријаршискиот егзарх за југоисточна Азија, митрополитот Сингапурски и југоисточно-азиски Сергеј (од Руската православна црква) отслужи бдение во храмот „Св. Владимир“ при архијерејското подворје во градот Бекаси, во Индонезија.

На денот на празникот (следниот ден наутро), Митрополитот Сергеј отслужи Литургија, на која ѝ претходеше крштевањето на две бебиња – Еразмо и Марија. На Митрополитот му сослужуваа свештенослужители од Индонезија. По завршувањето на Литургијата следеше славословие по повод празникот Благовештение, и поклонување пред чесниот и животворен крст Господов.

Митрополитот им го честиташе празникот на верниците и им се обрати со беседа. Потоа, празничниот ден продолжи со послужување за присутните.

Извор: https://exarchate.asia/2024/04/07/v-prazdnik-blagoveshheniya-presvyatoj-bogorodiczy-patriarshij-ekzarh-yugo-vostochnoj-azii-sovershil-vsenoshhnoe-bdenie-i-bozhestvennuyu-liturgiyu-na-arhierejskom-podvore-svyato-vladimirskogo-hrama-v-b/