На 5 април 2024 година, Окружниот суд на Сосновскиот реон во Черкаси му го продолжи ноќниот куќен притвор на митрополитот Черкаски и Каневски Теодосиј, од Украинската Православна Црква, за 60 дена.
Судот го одобри барањето на обвинителите, прифаќајќи дека има ризик осомничениот да се сокрие од истрагата или да влијае врз сведоците. Друг ризик што продолжува да постои, според нив, е тоа што повеќе од една година не се знае каде се наоѓа главниот сведок.
Обвинителството бараше построга мерка притвор и изземање на судијата: „И покрај тоа што обвинетиот повеќе пати ги прекрши условите на домашниот притвор и продолжува да разгорува верска омраза и да поттикнува верска нетрпеливост, бараме изземање на судијата. Сметаме дека има доволно причини за обвинетиот да одреди построга превентивна мерка“.
Сепак, судот не ги прифати овие аргументи.
Од своја страна, Митрополитот Теодосиј побара да му се отклони мерката на носење нараквица за следење, затоа што смета дека преку неа го прислушкува Службата за безбедност на Украина. Судот го одби и ова барање.
Претходно известивме дека Митрополитот Теодосиј доживеа срцев удар, по претресите од Безбедносната служба на Украина, и подигнатите обвиненија против него.
Извор: https://suspilne.media/cherkasy/721536-pidozrue-so-jogo-prosluhovuut-svasennik-z-cerkas-prosiv-znati-elektronnij-braslet-a-jomu-prodovzili-nicnij-arest/ преку https://spzh.media/ru/news/79584-sud-prodlil-domashnij-arest-mitropolitu-feodosiju-snehirevu-na-dva-mesjatsa